Не е доволна само оставка од Спасовски, туку од цела Влада, нови избори со локалните, бара Мицкоски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција побара оставка на Владата, по бегството на нивниот поранешен член и функционер Сашо Мијалков.

Според Мицкоски, не е доволно за ова оставка само од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, туку и од цела Влада и формирање на експертска влада до локалните избори кога би се одржале и парламентарни избори.

Во меѓувреме Мицкоски призна дека можеби ништо од ова нема да се случи, па најави интерпелација за Спасовски, но и гласање недоверба на Владата.

-Да ја собориме оваа Влада и потоа да одговараат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ги повтори ставовите на неговата партија дека бегството на Мијалков е договор со власта.

-Дозволија да им избега пред очи затоа што така се договорија. Оваа криминална коалиција функционира вака поради заробените институции. Сите на купче без институциите кои ги заробија се обични кукавици, рече Мицкоски.

 

Претходна вестЗа една година, 5.500 семејства повеќе кои преживуваат со социјална помош
Следна вестМицкоски за иницијаторите за вонреден конгрес: Тоа се купче уценувачи и криминалци