Не им доаѓа умот: Казнети 8 возачи во Скопје кои поминале на црвено, 23 биле пијани…

Не се намалува сообраќајната некултура во Скопје. МВР уверува дека не намалуваат и контролите.

Вчера на територија на град Скопје изречени биле вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 32 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 10 мерки за користење на мобилен телефон, 23 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за технички неисправни возила и нерегистрирани возила…

Особено загрижува дека имало 8 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

За жал, вакви се бројките и во објавите од МВР во минатите денови. Ќе успее ли полицијата да ги скроти „здивените“ возачи?

Претходна вестДетали за масакрот во САД: Тинејџерот сакал да убие Афроамериканци
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Три дена молк од СДСМ-ДУИ за примитивизмот на Талат Џафери