Детали за масакрот во САД: Тинејџерот сакал да убие Афроамериканци

Вооружен масакар во САД. Напаѓачот кој при нападот уби најмалку 10 лица во супермаркет во Бафало е 18-годишен белец. Бил расно мотивиран, соопшти тамошната полиција.

-Вооружен со автоматска пушка, тој е осомничен за расно мотивиран екстремизам, велат од полицијата, а се верува дека 18-годишникот дејствувал сам.

ФБИ, во меѓувреме, соопшти дека неговиот чин ќе биде истражен како злосторство од омраза. 11 од 13 убиени или ранети се Афроамериканци, супермаркетот е во населба со доминантно црно население.

Осомничениот, чие име не го соопштува полицијата, не е од Бафало.

Американските медиуми, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, објавија дека напаѓачот потекнува од Конклин, мал град во државата Њујорк, приближно 300 километри јужно од Бафало.

Тој убил четири лица на паркингот, а потоа се судрил со обезбедувањето на супермаркет кој во размена на оган го погодил со куршум, но напаѓачот бил заштитен со панцир. Чуварот подоцна бил смртно застрелан. Останатите жртви напаѓачот ги убил во супермаркетот.

Претходна вестНаште телевизии Гоце Делчев га славеа со турски серии
Следна вестНе им доаѓа умот: Казнети 8 возачи во Скопје кои поминале на црвено, 23 биле пијани…