Темен режим Режим на светлина

Им се брзало и во недела: 65 возачи казнети за брзо возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 39 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл и 17 мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се шест мерки за користење на мобилен телефон, 16 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за нерегистрирани возила…, соопшти полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, предупредува МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Сончево време со температура до 31 степен

Следна објава

Посебен сообраќаен режим во Скопје