И земјите од Г7 ја потапшаа Македонија по рамо

Македонија скоро секоја недела добива по една „силна“ поддршка за влез во ЕУ. Ако се собираа колку се на број, ќе требаше цел институт да отвориме.

Најнова таква поддршка добивме од групата седум индустриски најразвиени земји во западниот дел од светот (Г7). На средба во Германија беше изразено „силна поддршка“ за брзо отворање на преговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ.

Шефовите на дипломатиите на членките Г7 – Велика Британија, Германија, Италија, Канада, Јапонија, Франција и САД и високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност на ЕУ, од средбата одржана викендов во германскоот место Вајзенхаус порачаа дека силно го поддржуваат брзото отворање на пристапните преговори Македонија и Албанија со ЕУ и ја потврдија посветеноста на европската перспектива на шесте земји од Западниот Балкан, која обезбедува безбедност, стабилност и просперитет на регионот.

-Го поздравуваме тоа што Западниот Балкан е обединет во осудата на руската агресија на Украина, особено во Генералното собрание на ОН. Ги поздравуваме Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора за целосното усогласување на нивните надворешни политики со ЕУ, вклучувајќи ги и санкциите и нивното спроведување. Ја повикуваме и Србија да го стори истото, се наведува во завршното соопштение од мнистерската средба на Г7.

Ќе има ли фајде од оваа „силна поддршка“? Бугарија ќе слушне ли за неа? Во Брисел ќе ја преразгледаат, особено што неколклу од земјите на Г7 се и важни најважните членки на ЕУ? Или сето ова е само уште едно тапшање по македонското рамо?

Претходна вестКим Џонг -ун ќе ја активира војската во борбата против коронавирусот?
Следна вестРакометарите на Вардар пак држеа лекција по упорност и верба