Темен режим Режим на светлина

Со години бираат локација за новиот Клинички центар, колку ли време ќе го градат?

Новиот клинички центар во Скопје никако да почне да се гради. Те пари нема, те се бара погодна локација, те…

И еве сега се додава нова можна локација каде ќе се градела клиниката. Поранешната воена касарна „Илинден“ спроти американската амбасада во Скопје е една од трите можни локации за изградба на новиот клинички центар кои се разгледуваат. Ова денеска го потврди министерот за здравство Беким Сали проширувајќи ја на тој начин листата на можните места каде во градот Скопје би можел да се гради новиот клинички центар.

ницирав работна група и од опозицијата и од позицијата во политичкиот дел да имаме усогласеност во јавната расправа која во минатото била главна пречка за нереализирање на тој проект. Начелно надмината е таа пречка, но не сме до фаза на избор на локација, износ кој ќе биде потребен за изградба, величина. Локацијата не е одредена сто посто. Една е Илинден, но има три позиции кои се предмет на дискусија. Која локација ќе биде одредена, освен од политичкиот момент, кој не е главен, ќе зависи од делот на катастарските услови. Клиничкиот центар треба да се изгради на локација со постојна логистика, да не трошиме дополнителни средства за оддалеченост која во минатото била предмет на дискусија и блокирање. Локациите засега се уште се Ѓорче Петров, Илинден и уште една трета локација во која има постоечка болница со надградување и проширување на дејноста, рече министерот Сали.

Значи, сега во игра влезе и нова локација. Претходно, познато е, како погодни места се спомнуваа и Бардовци на западната, но и Петровец, на источната страна на градот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, своевремено предложи реновирање и изградба на нов депанданс помеѓу болницата 8 – ми септември и поликлиниката Букурешт. 

Колку време ќе им треба да одберат локација? А па колку време ли ќе им треба да ја изградат клиниката ич да не прашуваме. Додуша ако се бешe како што треба, клиничкиот центар требаше одамна да е готов.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ковачевски му одговори на Петков: Веќе имаме министерство за помалите етнички заедници

Следна објава

СПЦ прати абер, а МПЦ-ОА нам треба да ни каже што договорила?