Темен режим Режим на светлина

Ковачевски му одговори на Петков: Веќе имаме министерство за помалите етнички заедници

Имаме и институции и механизми за заштита на правата на сите граѓани па и на оние коишто се самоопределуваат како Бугари, изјави денеска македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Тој вака одговори на новинарско прашање дали Владата размислува за формирање институција која ќе работи за правата на Бугарите како што побара неговиот бугарски колега Кирил Петков.

-Ние сме држава што го има поставено прашањето на правата на помалите етнички заедници на исклучително високо ниво и сме единствената земја во Европа што има министерство за помалите етнички заедници. Единствено ние во Европа имаме законски решенија со кои се унапредуваат правата на помалите заедници во секој смисол – од користење јазици, преку еднаков пристап до вработување во јавниот сектор, до најразличните владини програми, рече Ковачевски.

Тој потсети и на тоа дека имаме и Канцеларија на омбудсманот која се грижи за правата на сите граѓани, вклучително и на бугарското малцинство.

-Нормално, доколку некој е загрозен дека може низ тие институции тоа да го направи, а секако капацитетот на институциите може во секое време да биде зголемен и добро е да се зголемува капацитетот на институциите бидејќи сите граѓани во оваа држава, ние и во владината програма сме ставиле и нашиот Устав тоа го предвидува дека за сите граѓани оваа држава е место каде што сите имаат еднакви шанси како за личниот, така и за професионалниот развој, нагласи Ковачевски.

Бугарскиот премиер Петков вчера изнесе и ново барање за формирање на посебна институција за Бугарите во Македонија

– Јас мислам дека сите Бугари знаат дека С Македонија треба да е во Европската Унија. Сите Бугари знаат дека правата на Бугарите во С Македонија треба да бидат заштитени. Од тука натаму да ја тргнеме настрана таа политичка реторика, туку да се работи. Јас очекувам во следниот период С Македонија да направи некаков вид институција при тамошната Влада токму за правата на Бугарите – изјави Петков.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Шведска испраќа дипломати во Турција да го разубедат Ердоган

Следна објава

Со години бираат локација за новиот Клинички центар, колку ли време ќе го градат?