Ракометарите на Вардар пак држеа лекција по упорност и верба

Ракометарите на Вардар постигнаа нов успех. Имено, по фуриозен пресврт го совладаа Е. Пелистер во финалето на Купот на Македонија. Резултатот на крајот беше 23-22 за двократниот европски шампион. Решавачкиот гол го постигна македонскиот репрезентативец Филип Талески.

-Секој натпревар е посебна приказна, знаевме дека ќе биде многу тешко. Веќе имаме историја, ривалство со нив, секој меч е непредлив. Им честитам, беа добар противник, изјави ракометниот мајстор Тимур Дибиров.

Тренерот Давид Дејвис истакна дека неговите играчи верувале во победа и кога имале негатива од 5 гола.

Со оваа победа во салата „Јасмин“ во Кавадарци РК Вардар ја одбранија тутулата во Купот на Македонија. Воедно уште еднаш покажаа како може да се дојде до успех ако се има упорност и верба во себе.