ЕУ да не ги заборава главните теми за заборавениот Западен Балкан

Последиците и влијанието на руската агресија врз земјите од подрачјето на Западен Балкан треба да биде тема на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ со колегите од нашиот регион. Се најавува дека прва точка на дневниот ред ќе биде размена на мислења за Западен Балкан и влијанието на војната во Украина врз регионот. Се најавува дека ќе се разговара за начините како да им се помогне на овие шест земји кои трпат последици и како да се поддржи отпорноста на ЕУ на Западен Балкан.

А кога посериозно ќе се разговара за влез на овие земји во ЕУ? Некако премногу се зборува само за обврските на Македонија, Албанија, Црна Гора…, имаат ли овие земји право да го добијат тоа што им беше ветено?

Да, добро е ако се разговара за последиците од војната во Украина, добро е ако има некаков бриселски договор за финансиска помош на земјите од Западен Балкан, но има и други важни работи да се направат. Македонија чека ЕУ да влијае во тргање на апсурдното бугарско вето и разните ултиматуми кои ни се поставуваат. Македонија чека ЕУ-комесарите и министрите да прават така како што нас не учат – да се почитува правото и правичноста за секого.

Ќе организира ли ЕУ наскоро една таква министерска средба?

Претходна вестРакометарите на Вардар пак држеа лекција по упорност и верба
Следна вестИстражување: Шест од десет млади би се иселиле