Наште телевизии Гоце Делчев га славеа со турски серии

Неам со шо да ви пишу и да ве изненаду пријатно оваа недела. Не сам ја крив, немаше скоро ништо пријатно на наште телевизии. Упорно ги ја гледа сите канали, скоро секој д’н. Само чат – пат подрзастану со даљинското на нешто шо е колку – толку гледливо. Се бре само некои серии или вести и емисии со едни исти експерти што ги бива и за локомотиви и за фудбалски стативи и за законски регулативи.

Затоа ќе ви напишу за едно поголемко разочарување од неделата шо помина. Абе д’нта к’т се одбележуваше и славеше Гоце Делчев, ја одвај најде на наште телевизии нешто да виду за револуционеро голем. Како бе тоа не им текнува на уредниците дека треба за нашио херој да направат нешто ново или бар да пуштат нешто старо – снимано пред да почнaт да ги молат Бугарите да не ни стават вето за пато у рајо што идел преку Брисел?

Знаат ли бе тоа уредниците како се слават хероите на другите земји и народи по тамошните телевизии? Посебни емисии има, ударно на вести стават, прават гледливи документарци… само за да народо си ги знае и почитува хероите.

Кај нас, на повеќето од наште телевизии шо ни глумат дека са големи, Гоцета га слават со турски серии или српски турбо-фолк емисии. Бар се надевам дека Гоце тамо горе не гледа телевизија. Ептен ќе се испоразочара. А ако ги гледа и ониа историчарите наши од комисијата шо преговарат од Бугарите за нега, леле мајкоо…

Претходна вестПандемијата ги покажа дупките во здравствството, сега тоа се поправа ли?
Следна вестДетали за масакрот во САД: Тинејџерот сакал да убие Афроамериканци