Вечерва се отвора независниот театар „Театар Златен Елец“. Симболиката е претставена преку премиерата на актерската екипа на театарот во рамките на „Скопско лето“ преку вечерашната претстава- премиера „Не ми го чепкај пивото!“. Почнува во 20,30 часот, во Куршумли ан.
-Претставата зборува за комичните ситуации низ животот како што се моментите на ‘извлекување’ кога си фатен на дело, моментите на инстант снаоѓање и глума. Може да се каже дека тоа е типичен македонски синдром на денешницата. Со многу пиво, смеење, еротика и непристојни игри сакаме да ја наведеме публиката низ позитивно и лесно гледиште да ја согледа палавата игра на човекот во ‘градот’ и низ цела претстава слатко да се насмее. Инспирацијата, ние актерите, ја црпиме од секојдневието кое го живееме и сведочиме. Сите ликови носат своја комплекност за илузиите и стравовите на ова време- вели за весникот „ВЕЧЕР“, актерката Надица Петрова, член и основач на независниот „Театар Златен Елец“