Не ни треба лекција колку ќе ни значи трамвајот, туку да гo видиме на улица

Во колумната „Зошто на Скопје како метропола му треба брз автобуски транспорт?“, првиот човек на градот Петре Шилегов објаснува што ќе добие, односно каква предност ќе биде за метрополата ако се создадат услови за „автобуско метро“ или „трамвај на тркала“:

-Брзиот автобуски транспорт двојно го намалува времето на патување, а фреквентноста на автобусите од 3-4 минути за време на шпицот оневозможува градски гужви. Станиците на исто ниво со автобусите со рамен под овозможуваат брзо и лесно качување и слегување и целосна пристапност за патници со колички и со попреченост. Сообраќајната предност на автобусите им овозможува лесно и брзо движење низ градските сообраќајници и крстосници. Честотата, пристапноста, безбедноста, удобноста и брзината се показатели за квалитетни транспортни услуги кои ги охрабруваат граѓаните да го користат системот за јавен превоз наместо приватните возила, пишува Шилегов.

Скопјани брзо му одговорија преку социјалните мрежи и коментари во сандачето на „Скопко ехо“. Му велат дека знаат која е предноста од трамвај, односно дека не им требаат лекции за тоа, туку да го видат на улица.

-Градоначалнику вие не сте професор, туку градоначалник. А скопјани не се ученици туку зрели луѓе кои плаќаат за вие да ги исполните вашите ветувања, а не за да ни кажувате колку е добро да имаме метро или трамвај. И самите точно знаеме колку брзо и експресно тече градскиот сообраќај со метро или трамвај, сме се прошетале по европските градови… Така што дела, не само лекции и празни зборови, туку ДЕЛА!- се само мал дел од коментарите на граѓаните.

Претходна вестКој ќе одбие да се попише- 300 евра, кој ќе поттикне бојкот- кривично
Следна вестМакедонецот Крајчев од Велес е поет на неделата според „The Poet Magazine“