Кој ќе одбие да се попише- 300 евра, кој ќе поттикне бојкот- кривично

Учеството во пописот е задолжително. За поттикнување бојкот ќе има кривично гонење, а оние кои ќе одбијат да се попишат ќе се казнуваат прекршочно со парични казни до до 300 евра, соопшти владиниот портпарол Душко Арсовски на попладневната прес-конференција.

Уште еднаш денеска од Владата на Македонија стигна пораката дека одложувањето на пописот не е опција и тој ќе се спроведе од 1 до 21 април.

– Во однос на безбедноста уште еднаш ќе повториме дека стандардите за заштита се највисоки и во целост ги штитат граѓаните и попишувачите и тука не треба да постои никаква дилема, граѓаните ќе бидат заштитени. Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно безбедно по сите стандарди, рече Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа како ќе се спроведе попис во услови кога бројките на заразени секојдневно растат. 

Претходна вестБројот на починати од вирусот стаса до 3.503 лица, нужна е поголема сериозност од граѓаните, но и од власта
Следна вестНе ни треба лекција колку ќе ни значи трамвајот, туку да гo видиме на улица