Македонецот Крајчев од Велес е поет на неделата според „The Poet Magazine“

Игор Крајчев, македонскиот поет од Велес е прогласен за поет на неделата на престижниот британски магазин . Магазинот пренесува и пет негови поетски творби препеани на англиски јазик, а за Крајачев е доволно силна мотивација за да продолжи да се развива.

-Пресреќен сум и ова признание е мотив плус да продолжам понатаму уште поуспешно со презентирање на мојата и на македонската поезија во светот, изјави Крајчев.

Ова признание во британскиот магазин, доаѓа само неколку дена по излегувањето од печат на неговата најнова, шеста книга „Лудило.Писма.Откровение” во издание на „Матица македонска“, за која предговор напиша професорот Венко Андоновски, а поговорот е на професорката Кристина Николовска.

Макеоднскиот писател најавува наскоро и промоција на својата најнова книга.

Претходна вестНе ни треба лекција колку ќе ни значи трамвајот, туку да гo видиме на улица
Следна вестОблачно со засилен ветер, температура до 5 степени