Неексплодирана граната најдена во Скопје

На 24.09.2021 околу 12:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека при вршење ископ во фирма на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје била пронајдена неексплодирана граната.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и од Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за минофрлачка граната м-1913, која потекнува од Првата светска војна.

Гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Заев имаше 5 години да ги исполни проектите кои сега пак ги ветува
Следна вестРегистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица