Немам сомнежи дека Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата, вели Рубљев

Рускиот тенисер Андреј Рубљев, имаше излагање со пофални зборови за неговиот колега од Србија, Новак Ѓоковиќ. Рубљев зборуваше со медиумите пред почетокот на АТП турнирот во главниот град на Катар, Доха, и рече дека Ѓоковиќ заслужено се наоѓа на врвот, а воедно смета и дека Србинот е најдобар тенисер во историјата.

– Нема сомнежи, Новак е убедливо најдобар тенисер во историјата. Освои најмногу Грен-Слем трофеи и најдолго од сите се задржа на врвот на АТП листата. Ако сите овие успеси не го прават најголем на сите времиња, јас навистина не знам уште што сѐ треба да направи за светот да го цени повеќе. Тој е најтежок противник од сите, последниве години има само три или четири порази и со скоро 37 години сѐ уште е непобедлив за многу помлади ривали, изјави Рубљев.

Андреј Рубљев во моментов ја зазема петтата позиција на АТП листата, а досега во дуелите со Ѓоковиќ има забележано една победа и два порази.

Претходна вестНормализирано е влегувањето преку преминот Евзони, тргната блокадата на грчките земјоделци
Следна вест171 санкциониран возач во Скопје