Македонскиот фудбал е завиен во тага. Ненадејно почина Дашмир Беари селекторот на македонската репрезентација во фудбал до 17 години.
Беари е добро познато име на нашите терени, човек кој има работено во повеќе домашни клубови, извесно време беше и во Саудиска Арабија во тимот Ал Раед.
Тој имаше и неколку ангажмани во нашите млади селекции, последниот му беше како предводник на репрезентацијата до 17 години.
Неговото срце престана да чука во 50. година од неговиот животот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



