Доделени се наградите од третиот Меѓународен фестивал на краток филм, „Филмај 2021“ Куманово. „Лазар Ѓорѓевиќ“ наградата за најдобра режија ја доби Азадех Мусави за иранскиот филм „The Visit“ , наградата „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија му припадна за Питер-Јан Клесенс за филмот „Da Yie“ од Гана, наградата „Козјак“ за најдобро сценарио за Али Асгари и Фарнуш Самади за иранскиот филм „Witness“, наградата за најдобар домашен (македонски) филм отиде во рацете на Ана Јакимоска режисерката на „Неонски срца“.
Ваквата распределба ја селектираше тричленото жири во состав Лидија Мојсовска (режисер/сценарист), Наум Доксевски (кинематограф) и Дејан Ангеловски (фотограф).