Конечно ќе почне помасовна вакцинација, дури и ЕУ се сети на нас и ни праќа вакцини

Во Скопје и уште шест други градови во Maкедонија денеска стартува масовна вакцинација против корона вирусот. Вакцинацијата ќе се врши со вкупно 200.000 кинески вакцини, кои пристигнаа минатата недела, а се дистрибуирани во салата „Борис Трајковски“ во Скопје и регионалните центри во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола.

Здравствени власти најавуваат вакцинирање на бројка од меѓу 10 и 15 илјади граѓани на ден, и висок процент на вакцинирано население до почетокот на летото. Дали тоа е изводливо ќе видиме наскоро.

Министерот за здравство Венко Филипче, по пристигнувањето на 200 илјади вакцини Синофарм во петокот најави дека се очекува да пристигнат и други големи количества на вакцини и тоа уште 600.000 од Кина и 26.000 од Фајзер.

Дури и ЕУ конечно ќе ни испрати вакцини. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска во рамки на неговата балканска турнеја ќе ја посети  Македонија, по повод пристигнувањето на првите вакцини против Ковид-19, споделени и финансирани од ЕУ. Тој денеска ќе донесе 4.680 вакцини, подарок од ЕУ.

Во меѓувреме, бројот на заболени во Македонија се намалува и со тоа и притисокот врз болниците.

Претходна вестПродолжува бојкотот на наставата на основците против дигитализацијата
Следна вест„Неонски срца“ на режисерката Ана Јакимоска е најдобар македонски филм на фестивалот „Филмај 2021„