За 40 проценти помал број на новозаразени од вирусот, а на починати за 21 процент

Значително намалување на бројот на новоинфицирани лица од корона вирусот од 39,67 проценти е забележано во Македонија во периодот од 26 април до 2 мај годинава, соопшти денеска Институт за јавно здравје. За 20.9 проценти намален е и бројот на починати лица.

-Во тој период тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање при што се регистрирани  2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје  41,5 отсто, се наведува во инфорамцијата.

Во овој период биле пријавени 167 смртни случаи од 22 градови што е за 20,9 отсто помалку во споредба со неделата претходно. Најголем број од починатите – 150, биле над 60 години, 15 жртви биле помеѓу 50-59 години, а по едно починато лице имало во возрасните групи од 30-39 и од 40-49 години.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60  години  или во проценти  37,6 отсто. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 години (16,8 отсто), 40-49  (16,0 отсто), 30-39 (15,6 отсто) и 20-29 години  8,3 отсто. Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години (1,6 отсто) и 10-19  ( 4,1 отсто).

Во извештајот се наведува дека до сега во земјава се вакцинирани речиси 77 000 граѓани.

Претходна вестВисоки скали, а ниска оценка Мицкоски му пиша на Шилегов, ќе има ли дополнителен испит?
Следна вестОсмани растрчан и Пендаровски мрдна до Брисел, а дали Заев е во некаква изолација?