Непознат сторител со помош на тешка механизација вчера попладне го разорал просторот зад поликлиниката Бит Пазар со цел да започне градба на објект.
Како што информираат од телевизијата Канал 5 директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски изјави дека не знае кој гради , прекопува и со чија дозвола.
Исјановски пријавил во полиција.
-Некој сакал да гради против правно без дозвола од општина и од поликлиниката при што оштетил дел од оградата, излезени на лице место полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и известен е дежурен ЈО, стои во пријавата на МВР.
Очевидците велат дека оградата била урната попладнево, кога сите вработени си заминале дома.