Дефиле на велосипедисти и мотоциклисти во Скопје

Под мотото „Јас внимавам и безбедно возам“ денеска ќе се одржи дефиле на велосипедисти и мотоциклисти, на кое е најавено учество на преку 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти со цел подигнување на свеста за безбедност на велосипедистите и мотоциклистите.

Организаторите информираат дека дефилето за велосипедистите започнува во 11:00 часот и ќе стартува од велосипедската патека на кејот на реката Вардар кај хотел „Холидеј ин“, а мотоциклистите ќе тргнат од фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк во 11:30 часот. Двете групи ќе се сретнат на целната локација, на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Дефилето е во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), а партнери се компанијата ОКТА, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност од Скопје и Црвениот крст. Поддршка за настанот даваат и здруженијата на велосипедисти и мотоциклисти „Мото клуб Безбедност“, „Прв до врв“ и „Здружението за друмски и планински велосипедизам“.

Можат да се приклучат сите кои сакаат да дадат придонес и поддршка за зголемување на сообраќајната култура на велосипедистите и мотоциклистите и подигнување на свеста за користење на заштитна опрема при вклучување во сообраќајот.

Претходна вестНепознат сторител почна со градба во дворот на поликлиника Бит Пазар
Следна вестСкопските возачи грешат и кога се престројуваат, казнети десет лица