Непознат сторител почна со градба во дворот на поликлиника Бит Пазар

Непознат сторител со помош на тешка механизација вчера попладне го разорал просторот зад поликлиниката Бит Пазар со цел да започне градба на објект.

Како што информираат од телевизијата Канал 5 директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски изјави дека не знае кој гради , прекопува и со чија дозвола.

Исјановски пријавил во полиција.

-Некој сакал да гради против правно без дозвола од општина и од поликлиниката при што оштетил дел од оградата, излезени на лице место полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и известен е дежурен ЈО, стои во пријавата на МВР.

Очевидците велат дека оградата била урната попладнево, кога сите вработени си заминале дома.

Претходна вестДлабоки корени: Пред 122 години се формира македонската театарската група “Скрб и утеха”
Следна вестДефиле на велосипедисти и мотоциклисти во Скопје