Нередите во Судан се на пауза, „пеколот“ допрва доаѓа

Суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) денеска објавија дека се согласиле на 72-часовен прекин на огнот од хуманитарни причини. Според извештаите, прекинот на огнот стапил во сила денеска во 6 часот по локално време и се совпаѓа со муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, пренесува Ројтерс.

– Примирјето се совпаѓа со благословениот Рамазан Бајрам… да се отворат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните и да им се даде можност да ги поздрават своите семејства, се вели во соопштението на РСФ.

Во судирите меѓу суданската армија и РСФ досега загинаа повеќе од 600 луѓе, соопшти вчера суданското Министерство за здравство.

Во Судан од саботата траат судирите, кои избувнаа по неколкудневна тензија околу патоказот за транзиција на земјата во цивилно владеење, потсетува Ројтерс.

Еден од главните проблеми е планот за интегрирање на РСФ со своите 100.000 членови во суданската армија и назначувањето на лидерот на новите воени сили.

Претходна вестСекој жител во Македонија создал 467 килограми отпад
Следна вестДржавен завод за статистика: Просечната исплатена нето-плата изнесувала 33 720 денари