Државен завод за статистика: Просечната исплатена нето-плата изнесувала 33 720 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава, изнесувала 33 720 денари. Taa во однос на истиот месец лани е поголема за 13 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната нето-плата во секторите: Градежништво (21.3 %), Информации и комуникации (18.5 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.5 %).

Намалување, пак, на просечната нето-платапо вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (9.7 %), Рударство и вадење на камен (9.2 %) и Дејности во врска со недвижен имот (6.1 %).

Претходна вестНередите во Судан се на пауза, „пеколот“ допрва доаѓа
Следна вестПочина отец Јован Таковски, професор кој ги преведе сите богослужбени книги од црковнословенски на македонски јазик