Ни маскирањето со чаршавот не му помогна полицијата да не го приведе поради кражбата

Приведено е лице кое е осомничено дека минатата ноќ извршило кражба во кафе-барот во село Јанчиште, соопшти денеска тетовската полиција. Се работи за 45-годишен жител на селото кој во локалот влегол маскиран со чаршав, а е уапсен само десетина часа по извршената кражба. Провалата била забележана и од камерите за надзор поставени во локалот.

-На 9 јануари во 8 часот, Д.С (30) од Јанчиште пријавил дека во објект кафе бар каде имало поставено и апарати за игри на среќа ноќта во период од 1:30 до 7:20 часот непознато лице извршило кражба во објектот. Прво отворил влезна врата, а потоа отворил еден од автоматите за игри на среќа. Од паричник поставен во апаратот одзел 67.140 денари, дел во евра и дел во денари, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Претходна вестОткако го идентификува полицијата го бара и вториот насилник од автобусот на ЈСП,
Следна вестРодителите пријавиле исчезнување на две деца, полицијата ги бара