Откако го идентификува полицијата го бара и вториот насилник од автобусот на ЈСП,

Утврден е идентитетот и на вториот насилник кој им се закануваше на патниците во автобусот на ЈСП „Скопје“ откако тој и неговиот партнер биле предупредени да носат заштитна маска. МВР денеска потврди дека лицето е идентификувано и дека по него се трага. Видеото за овој инцидент деновиве се појави на социјалните мрежи при што јасно се гледа и слуша како двајцата насилници се закануваат дека ќе „сечат глави и ќе топат граѓани во киселина“ откако добија опомена да стават маски додека се возат во автобус на ЈСП.

Полицијата завчера успеа да го приведе едниот насилник во рамките на расчистувањето на овој случај. Ова лице веќе има историја со повеќе кривични дела, а пред година и половина претепал и службеник на ЈСП во Транспортниот центар, откако претходно бил казнет за непоседување на билет.

-Ќе треба на некого главата да му ја сечам. Не се занесувајте. Ќе те носам и во киселина ќе те ставам. Ти не знаеш со кого си имаш работа. Што ако не е станица, овде јас кажувам. Ние сме верници, вие сте неверници и не знаете со кого имате работа, зборуваат на видеото објавено на социјалните мрежи двете лица.

Најголем проблем во истрагата е што инцидентот е од пред 2 – 2 и пол месеци. ЈСП прво треба да открие на која линија и во кој точно автобус се случил инцидентот. МВР истовремено истражува дали имало и физичка пресметка освен вербалните закани.

Претходна вестАнгеловски: Лани имало најмалку жртви во сообраќајните несреќи
Следна вестНи маскирањето со чаршавот не му помогна полицијата да не го приведе поради кражбата