Во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава, 368 лица се казнети за неносење маски.
Бројката на казни за неносење лична заштита на лице што е законска обврска е константна подолг период. Така, изминатите два дена за овој прекршок се казнети 418 лица (на 18 јануари), односно 306 (на 17 јануари).
Употребата на маски за лице или прекривки, според здравствените власти, го минимизира ризикот од ширење на корна вирусот.
Во Македонија казната за неносење маска е 20 евра, но ако се плати за седум дена, таа се преполовува.
Во сите земји од соседството, казните за неносење маски се повисоки: во Србија е 42 евра, во Бугарија и Грција е 150 евра, додека во Албанија е 24 евра, но само првиот пат, а доколку прекршокот се повтори, е 40 евра.