Нов инцидент во САД, службеник избоден со нож

Службеник на администрацијата вработен во Сенатот на САД бил пренесен во болница поради повреди здобиени во напад на маж кој излегол од федералниот затвор минатиот викенд, соопшти полицијата во Вашингтон. Осомничениот Глин Нил (42) е уапсен под обвинение за напад со намера да ја убие жртвата, Филип Тод, службеник во американскиот Сенат, објави АП.

Федералното биро за поправки потврди за „Асошиејтед прес“ дека Нил бил ослободен од федералниот затвор во Мериленд во петокот поради „добро однесување“.

Инспекторите веруваат дека нападот бил случаен, а жртвата Филип Тод, кој работи во канцеларијата на републиканскиот сенатор Ренд Пол од Кентаки, потврдил дека никогаш порано не го видел својот напаѓач и дека Нил не кажал ништо и не побарал од него ништо пред да го прободе со нож.

Претходна вестСо помош на вештачка интелигенција откриен рак на дојка 4 години пред болеста да се развие
Следна вестПриведен тетовец, ограбувал камион