Нов остров исплови од морето

Најновиот остров на светот „плови“ од морето покрај брегот на јапонскиот остров Иво Џима во Тихиот Океан. Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) изјави за Си-Ен-Ен дека неименуваниот остров е формиран од подводна вулканска ерупција.

Излегувањето на островот од океанот беше документирано на фотографии направени од Националните поморски одбранбени сили на 1 ноември. Фотографиите покажуваат мала ерупција која испраќа темен облак од пепел над малиот остров, кој сега е дел од синџирот на островите Огасавара.

JMA бележи вулканска активност во областа од минатата година, но Институтот за истражување на земјотреси на Универзитетот во Токио потврди дека ерупцијата што го формира островот се случила на 30 октомври.

Островот се наоѓа на околу 1.200 километри јужно од копното на Јапонија и на еден километар од Иво Џима, островот каде што се воделе некои од најжестоките битки во Втората светска војна во Пацификот.

Претходна вестДва пати во рок од седум дена ограбил иста обложувалница, побаран притвор за 31-годишник
Следна вестПлатил 130 милиони евра за сликата каде Пикасо ја овековечил својата љубовница