Платил 130 милиони евра за сликата каде Пикасо ја овековечил својата љубовница

Непознато лице на аукција вчера купило слока од легендарниот Пабло Пикасо за дури 130 милиони евра. Имено, ремек-делото на сликарот под наслов „Жената со часовник“ од 1932 година е продадено за безмалку 140 милиони американски долари на наддавање во Њујорк.

Тоа е второто најскапо дело на Пикасо, соопшти аукциската куќа „Сотби“. Во 2015 година, сликата „Жените од Алжир (верзија ‘О’)“ беше продадена од аукциската куќа „Кристи“, исто така од Њујорк, САД, за над 167 милиони евра.

Новопродадената слика е портрет на неговата љубовница Мари-Тереза Валтер. Делото одамна било купено од колекционерката Емили Фишер Ландау и долги години било сместено над каминот во нејзиниот стан во Њујорк. Засега не е откриено кој е новиот сопственик на сликата.

Претходна вестНов остров исплови од морето
Следна вестСелекторот Милевски го соопшти списокот на фудбалери за средбите со Италија и Англија