Селекторот Милевски го соопшти списокот на фудбалери за средбите со Италија и Англија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари за Европското првенство 2024 против Италија и Англија. На списокот на Милевски се наоѓаат следните 25 фудбалери:

голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски

одбрана: Висар Муслиу, Тодор Тодоровски, Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димоски, Ахмет Иљазовски и Стефан Ашковски

среден ред: Енис Барди, Тихомир Костадинов, Аријан Адеми, Јани Атанасов, Агон Елези, Давид Бабунски, и Исник Алими

напад: Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Елиф Елмас, Ердон Даци, Александар Трајковски и Димитар Митровски.

По објавениот список со  фудбалери Милевски, истакна дека нема многу промени во играчкиот кадар во одност на претходните натпревари од квалификациите.

– Ме радува фактот што сите се здрави и подготвени и се надевам дека така и ќе остане. Во овие квалификации нема лесни или тешки противници, сите располагаат со одреден квалитет. Имаме позитивна атмосфера во тимот, се надевам дека така ќе биде и по двата последни квалификациски мечеви. Правиме млад тим кој покажа дека може да е конкурентен, може да се носи со сите. Момците кои играа на претходните натпревари, го покажаа својот квалитет и потврдија зошто се повикани во репрезентацијата.

Не очекува сосема поразличен натпревар од претходните што ги одигравме со Италија. Се надевам дека ќе успееме максимално да се подготвиме за мечот против Италија. Имаме проблеми околу слабата минутажа што ја добиваат некои фудбалери во своите клубови, но верувам во моите играчи и се надевам дека ќе успееме да го извлечеме максимумот.

Минутажата во клубовите е секогаш проблем за физичката и натпреварувачката форма. Дел од носителите на играта се со минимална или никаква минутажа, а за среќа играчите од средината и нападот се стандардни. Немаме некој огромен ростер на играчи за да можеме да ротираме, па мора на секој меч да се дава максимумот, изјави Милевски.

Натпреварот со Италија е закажан за 17 ноември во Рим, три дена подоцна во Скопје доаѓа Англија.

Претходна вестПлатил 130 милиони евра за сликата каде Пикасо ја овековечил својата љубовница
Следна вестШилегов:  Новото градско раководство се враќа онаму каде што требаше да продолжи пред 2 години