Темен режим Режим на светлина

Два пати во рок од седум дена ограбил иста обложувалница, побаран притвор за 31-годишник

31-годишник во рок од една недела на два пати ограбил иста спортска обложувалница. За него од страна на Јавниот обвинител о побаран притвор.

– Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ограбил спортска обложувалница. Осомничениот 31-годишник, во два наврати на 1 и на 7 ноември, со употреба на сила и закана кон вработените кои во моментот биле на смена, ограбил иста спортска обложувалница. Првиот пат одзел 98.987 денари и избегал, а вториот пат од сефот одзел 244.470 денари, информираат од Обвинителството.

Бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците/оштетените и веројатност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Град Скопје: Започнува реализација на системот за Брз автобуски превоз

Следна објава

Нов остров исплови од морето