Нов пораз на МЗТ во АБА лигата

Македонскиот шампион се стремеше кон значајна победа над Сплит кој допатува во Скопје со три победи, но вечерва запиша и четврта која прави работите за МЗТ да бидат уште посложени во долниот дел од табелата во регионалното натпреварување.

Во еден меч кој изобилуваше со подеми и падови на двата тима, но воедно и со доста израмнета игра, на крајот пресуди последната четвртина, во која гостите од Сплит беа далеку помирни и посталожени (26:17).

МЗТ влезе со предност во последниот период откако претхнодно беше за нијанса подобар и во првото полувреме, но предноста од четири разлика брзо се стопи во последните 10 минути и за жал следеше комплетен пресврт

Понесени од добриот шут, играчите на Сплит добија на самодоверба во најлош можно време за домаќинот и отидоа на плус девет, па тоа беше почеток на крајот за нашиот претставник.До крајот, МЗТ успеа само да се избори за потесен пораз од 80:85, вкупно десетти на 12 одиграни меча во АБА лигата.

Претходна вестПриведени двајца криумчари на мигранти на автопатот Гевгелија – Скопје
Следна вестНаутро магливо, попладне сончево со малку облаци