Наутро магливо, попладне сончево со малку облаци

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наутро по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата наутро ќе биде од -6 до 1 степен, а во текот на денот ќе се движи од 8 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје денеска претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а попладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Температурата во утринските часови ќе биде -3, а во текот на денот ќе се искачи до 8 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини ќе биде магливо или со ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Во Скопје утре претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а попладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Темературата ќе се движи од -4 до 14 Целзиусови степени.

Претходна вестНов пораз на МЗТ во АБА лигата
Следна вестКазни за 149 возачи во Скопје, 13 биле пијани…