Нова сообраќајка на „Водњанска“

Сообраќајна несреќа се случи утрово на крстосницата од бул. „Мајка Тереза” (поранешна „Водњанска“), со ул. „Тодор Александров” и ул. „Белградска” откако патничко моторно возило со скопски скопски регистарски ознаки удрило во  бетонска жардињера.

Полицијата веќе е на терен и врши увид на местото на несреќата, повеќе детали се најавуваат во текот на денот.

Оваа е втора сообраќајна несреќа по ред која се случува на истото место за краток временски период. Претходно, малолетник со патничко возило исто така се удрил во метална канделабра и бетонска жардињера.

Претходна вестБугарската обвинителка бара од македонските колеги уште распити на преживеани и роднини за автобуската несреќа
Следна вестАрсовска: Град Скопје нема да го исклучува јавното осветлување на булеварите, ќе се штеди но не на сметка на граѓаните