Новаковски на чело на работната група за изборните реформи

Формирана е работна група за реформи во изборното законодавство, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а паралелно ќе работи и на нов Изборен законик, соопшти денеска Министерството за правда.

Претседател на работната група ќе биде Александар Новаковски, експерт и поранешен претседател на ДИК.

– Овој процес е инклузивен и во него се вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, министерства и надлежни органи за спроведување на изборниот процес, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Претходна вестАкадемик Коцарев: Ако кажеме НЕ на уставните измени Македонија ќе има повеќе шанси да биде членка во ЕУ
Следна вестБи пробал ли Ковачевски да биде градежен работник 10 часа во еден ден?