Нови 179 случаи на Ковид-19, секој трет реинфекција

Во изминатово деноноќие од направени 997 тестови за Ковид-19 регистрирани се нови 179 случаи, соопшти денеска Министерството за здравство. Од 179 нови случаи во Скопје се 97, Кавадарци и Велес – по 9, Битола и Прилеп – по 8, Куманово и Берово – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Штип и Радовиш – по 4, Кратово – 3, Охрид, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 2, Кичево, Струга, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (179), регистрирани се 57 реинфекции. Регистрирани се 175 оздравени пациенти

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.127, бројот на оздравени пациенти е 330.328, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.300.

Претходна вестСовет за безбедност: Не чека тешка зима, направен е планот за да нема рестрикции на струјата
Следна вестПочна реконструкцијата на улицата „Бутелска“