Десет лица, од кои најмладиот на 53, а најстариот на 86-годишна возраст починаа во изминатите 24 часа како последица на ковид-19, соопшти попладнево Министерството за здравство.
Дури петмина се од Скопје (53,61,81,84 и 86г), и по еден од Кавадарци (72г), Гостивар (61г), Кочани (49г), Охрид (83г) и Прилеп (68г), сите во болнички услови.
Од направени 1 964 теста, регистрирани се 336 новозаразени со корона вирус, што е 17 отсто од бројот на тестирани, при што повторно најмногу се од Скопје – 145.
Регистрирани се 385 оздравени пациенти, од кои 213 се од Скопје.
Со денешната статистика, вкупната бројка на ковид – дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91.891, а битката ја изгубија 2.831 наши граѓани.
Во моментов активни се 8.667, од кои речиси половината (4.715) се од главниот град.