Нови дојави за бомби, се евакуираат учениците од „Корчагин“

Нова дојава за поставена експлозивна направа утринава е добиена во скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ во општина Центар. Во тек е евакуацијата на учениците и на наставниот персонал. Полицијата ја започнала стандардната процедура за проверка.

По паузата од пет дена ова е нова дојава за поставена бомба. Се уште не е познато дали имало дојави и во други училишта.

На 2 декември имаше дојдава за бомби во три училишта но подоцнежната проверка покажала дека тие се лажни. Ден претходно, дојави биле добиени во девет скопски училишта, но и тие биле лажни.

Претходна вестВооружен напад во Топанско поле, го нападнале чуварот и запалиле банкомати
Следна вестДојави за бомби во девет средни училишта во Скопје и во Народна банка