Новинарката Авдиу го искритикувала Џака, сега и се закануваат дека ќе ја убијат

Новинарката од Косово, Зана Авдиу покрај многубројните навреди доби и смртни закани поради критики кон швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло Гранит Џака и неговото однесување во натпреварот против Србија.

– Тој потег на Гранит Џака е срамен! Насилнички чин. Мислам дека немаше некој што не ја сподели таа фотографија. Значи, нулта ниво во некоја наша држава, искоментирала новинарката, за непримерниот гест на фудбалерот кога тој се фати за меѓуножјето.

Со тој коментар таа го навлекла гневот на косовската јавност, па голем број на луѓе почнале да ја навредуваат и да и се закануваат дека ќе биде убиена, поради што реагирал и нејзиниот адвокат, Арианит Кочи.

– Нормално е да имаме различни ставови и да не се согласуваме за некои работи, но вакви закани се недозволиви во еден цивилизиран свет. Тоа што кон неа се вперува прстот и од јавни личности до придонесува да се зголемат заканите, вели Кочи.

Претходна вестАвтобуските блокади не запираат, какви сценарија се прават за да се кренат?
Следна вестРастат тензиите на Косово, пет детонации во Косовска Митровица