Шеснаесет веќе пристигнати и девет нови вакви автобуси кои се се уште на царински терминал се блокирани и не можат да се стават во служба на скопјани бидејќи за нив не е платен ДДВ!? Причина било тоа што ЈСП било во лоша финансиска состојба заради кризата со корона вирусот, а Министерството за финансии не сакало да направи отстапка во однос на оваа фирма со пребивање на средствата. Тоа нуди отплата на обврската за плаќање на ДДВ на подолг период но за јавното претпријатие и тоа е тешко остварливо.
Излегува дека купените автобуси сега ќе стојат во гаража и ќе чекаат да се подобри финансиската состојба на препријатието кое веќе има загуба од 4,5 милиони евра. Ако не се најде некое решение тоа ќе значи дека автобусите нема да се користат долго, долго време. Што тоа значи за подобрувањето на градскиот превоз, за намалувањето на загадувањето, за граѓаните, не е тешко да се претпостави.
Зошто не е мислено порано околу плаќањето на ДДВ и зошто е оставено да зависи од актуелната финансиска состојба на претпријатието? Се знае дека ова претпријатие без субвенции тешко функционира па заради тоа кога веќе се набавувале автобусите требало да се планира и ставката за плаќање на ДДВ, како што се планирало за плаќањето, за царинењето и слично…
Некој тоа очигледно го заборавил и сега граѓаните треба да трпат заради тоа гледајки ги купените автобуси само на фотографии.