Во последните 24 часа во Македонија се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19. Ова пред малку го соопшти министерството за здравство преку Фејсбук.
Ова се новозаболените по градови:
-Скопје 32
-Куманово 4
-Штип 5
-Тетово 7
-Кавадарци 8
-Гостивар 8
-Струмица 1
-Кочани 1
-Пробиштип 2
-Македонски Брод 2
-Виница 1
-Свети Николе 1
-Кичево 2
-Неготино 1
Починати се 5 лица, пациент од Скопје, два пациенти од Куманово, пациент од Гостивар и пациент од Охрид.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти.
Досега во Македонија се направени вкупно 106877 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11202, бројката на оздравени пациенти е 7108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3589.