НСП: Полицајци плаќаат од џеб за лекување оти немаат здравствено осигурување

До Независниот синдикат на полицијата (НСП) се јавиле неколку членови кои се пожалиле дека вчера утрото, на лекарски прегледи разбрале дека не се осигурани, ниту тие, ниту нивните деца.

Според сведоштвата на полициските службеници, докторите им рекле дека немаат уплатено здравствено осигурување, па затоа ќе треба да си платат од џеб што и да е интервенцијата.  Денеска од НСП најавија прес – конференција пред Министерството за внатрешни работи.

Од министерството за дел од медиумите вчера објаснија дека проблемот бил надминат, во координација со Фондот за здравствено осигурување и УЈП, и оти се работело „за пријавување на лице кое било вратено на работа со судска одлука“.

Претходна вестПороен дожд и грмежи, локално со силен ветер и појава на град
Следна вестЃурѓај: Во Албанија живеат Македонци кои зборуваат македонски јазик, но бугарската пропаганда е зголемена