Ѓурѓај: Во Албанија живеат Македонци кои зборуваат македонски јазик, но бугарската пропаганда е зголемена

Во Албанија нема бугарско малцинство, туку Македонците таму јасно порачуваат дека тоа е само пропаганда на Софија да ги прикаже како такви. Ова е категоричниот став на Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“ во Тирана и главен и одговорен уредник на македонскиот весник „Илинден“.

Според него обидите за прикажување на македонското малцинство како бугарско траат веќе неколку години, а сега се засилени во пресрет на пописот во Албанија.

-Бугарската пропаганда е зголемена во пресрет на пописот во Албанија кој ќе се одржи во октомври, и тие со секое средство се трудат да создадат некакво бугарско малцинство кое го нема. Во областите Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и цело Врбник не постои бугарско малцинство. Им нудат пасоши, стипендии, посети на Бугарија. Откако Бугарија влезе во ЕУ, Албанци земаат бугарски пасоши од економски причини. Ставот наш е јасен, во Република Албанија нема бугарско малцинство, бидејќи во сите пописи во Албанија нема изјаснети Бугари, вели Ѓурѓај.Тој нагласува дека ова не е негова или желба на Македонците во Албанија, туку за тоа постојат документи со кои се докажува дека во оваа земја живееле и живеат Македонци кои зборуваат македонски јазик.

 

Претходна вестНСП: Полицајци плаќаат од џеб за лекување оти немаат здравствено осигурување
Следна вестДилема отворена од Ковачевски: Колку делови од други народи ќе се додаваат во македонскиот устав?