Заменик-министерот за правда Агим Нухиу потврди дека утре ќе има средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, но дека не е предвидена средба со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“.
Во изјава за државната агенција МИА, Нухиу попладнево ја демантира изјавата на косовскиот заменик- министер кој вчера за една ксовска телевизија беше дециден дека ќе се сретне со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље““ и притоа се повика на закон за државјанство.