Обиена куќа и украдени близу еден милион евра во Скопје

Ограбена семејна куќа во Скопје. Имено, скопјанец во саботата пријавил во МВР дека од дома му украле многу евра, долари, швајцарски франци и денари.

Кражбата била пријавена во 22.10 часот во СВР Скопје. Ш.И.(58) од Скопје пријавил дека во период од 19.30 до 21.45 часот во куќа во Скопје во негова сопственост од непознато лице му била извршена тешка кражба. Сторителот насилно влегол во куќата и од една од собите одзел три кеси со 800.000 евра, 60.000 американски долари, 50.000 швајцарски франци и 1.000.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестУролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во Македонија
Следна вестПочинале 7 пациенти од вирусот, новозаразени се 115 лица