Облачно, попладне со сончеви периоди

Утрото во Скoпје најави облачно време. Метеоролозите за попладне најавуваат сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.

И во останатиот дел од Македонија времето прeтпладне ќе биде облачно, на југоистокот на места со слаб дожд. Попладне ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта слаб локален дожд ќе има во западните делови. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време, во среда со слаб локален дожд. Кон крајот на работната седмица дневната температура ќе биде во позначителен пораст.

Претходна вестПоплавите од ветувања ќе ги спасат ли Тиквешко и Преспанско езеро?
Следна вестБројот на автомобили е зголемен, на ред треба да се паркиралиштата