Бројот на автомобили е зголемен, на ред треба да се паркиралиштата

Колумна на Пеце Лозанов:

Сведоци сме на непрописно паркирани возила ширум општините во државата и тоа на: тротоари, велосипедски патеки, кружни текови, зелени површини, пешачки премини… Не постои површина каде нема/ло паркирано возило, освен ако е одводено со столбчиња или подигнат тротоар. Сите едногласно ги осудуваме овие возачи, а потсвесно сите ние го правиме тоа! (и казнети повторно го повторуваат делото). Зошто го правиме тоа, кога сите знаеме дека е погрешно? Одговорот ќе го бараме во „државниот систем“ т.е. недоволниот број на паркинг места. Колку пати сте барале паркинг место ( па и со плаќање), а да не можете да најдете слободно паркинг место?

Беше изведена студија на оваа тема во Германија (2017), истражување според сообраќајните аналитичари ги испитуваа ефектите од барањето паркинг место врз германските возачи. Резултат: во просек, секој Германец троши 41 час годишно барајќи место за паркирање. Ако се собере потрошеното време како и дополнителната потрошувачка на гориво и дополнителните емисии, потрагата по паркинг простор резултира со трошоци од околу 40 милијарди евра годишно – тоа одговара на околу 896 евра дополнителни трошоци за секој возач по автомобил секоја година. Ова е еден пример на држава каде имаме многу повеќе паркинг места во однос кај нас, може да замислете колку би изнесувало кај нас.

Потребно е државата да помогне да се реши овој проблем. Бројот на возилата сега е значително поголем отколку пред 10 или 20 години, кога патничкиот автомобил беше „луксуз“. Денес автомобилите се потреба поради што многу домаќинства имаат и по два, три и повеќе моторни возила. А бројот на паркинг места по општините не се зголеми. Може да се изработи проект на државно ниво т.е. во сите општини каде имаме недостаток од паркинг места да се изградат: надземни или подземни катни гаражи, обележување на постоечките или нови паркинзи и поинтензивно санкционирање на возачите кои се непрописно паркирани...

Тука можеби има потреба од промени во законот во изградбата на домови и да се засилат и инспекциските служби при изградбата на станбени единици со задолжителен определен број на паркинг места. Денес во Македонија кога купувате стан апсурд е да уплаќате дополнителен износ (2-3.000, 5.000 до 10.000 евра) за паркинг простор. Исто така, измени во Законот со наложување на правните лица да поседуваат паркинг места, особено: маркети, механичарски работилници, автошколи, угостителски објекти, …. сите места каде имаме зголемен број на возен парк. Но, да не заборавиме истото да важи и за: државните претпријатија, училишта, предучилишни установи …. каде се приморани вработените или посетителите своите возила да ги оставаат непрописно, кога ги посетуваме или вршиме некоја услуга во горе споменатите претпријатија. Можеби конечно ќе заборавиме на изговорите: „Само секунда“, „Тука живеам“, „И други се паркирани“ …. кога сме паркирани непрописно!!!

Претходна вестОблачно, попладне со сончеви периоди
Следна вестНа нашите телевизии како да сопрело времето