На нашите телевизии како да сопрело времето

 За новинарка Пандорче Димитриоска македонските телевизии веќе немаат добра продукција и долга е листа на неквалитетот кој се прикажува на малите екрани.

Што им препорачувате на скопјани да гледаат на телевизиските програми и зошто?

– Повеќе би им препорачала што да не гледаат отколку што е вредно да се гледа. На нашите телевизии како да сопрело времето нема остапки од тв производот, нема креативност и иновативност и за жал сите се копираат едни со други. Тоа е така бидејќи нема добра продукција. Кога веќе се прашувам, наутро да си изберат утринска програма богата со сервисни информации и позитивни содржини, за тие што вклучуваат тв попладне да гледаат објективни вести, а вечерта некој квиз. Добро би било кабелските оператори да имаат архива на документарци или македонски народни приказни, филмови , па да се пребарува и гледа во секое време.

Што сметате дека граѓаните би требало да го избегнуваат и да го сменат каналот?

 Долга е листата на тв неквалитет. Под број еден контактни емисии, особено наутро, каде обично темата е политичка и нема можност за цензура на говор на омраза. Ама никако не ми оди тв и телефонски јавувања, но тој проект е најефтин па сите го имаат. Ако се борите како медиум против лажни вести не ги пласирајте преку “ало, кој ни се јавува”. На пример хрватски РТЛ мислењето на граѓаните го решиле преку анкети на нивните социјални мрежи. Изречито не сум за здравствени проблеми наутро во емисија , никој не сака денот да му започне со “ докторе не можам да одам “по надвор”. Репризи на политички дебати што одат од сабајле, квази нутриционисти на емисија, серии со сугестивни содржини ( турски, шпански, индиски).

Дали Скопје е доволно застапено како тема на македонските телевизии, дали главниот град е доволно откриен како новинарска и секоја друга тема?

– Порано на МТВ имаше емисија Скопска програма, треба таква емисија, за урбаните проблеми да има дежурен соговорник од општините и Градот, секојдневно да се снима ѓубрето во Скопје, кој и каде загадува. Сакам да гледам емисии и за урбаните скопски легенди, на пример кој прв возел фиќо, која била првата филмска клапа или првиот музички концерт на странска група. Па и Скопје само по себе има предание за настанокот интересно како она за стариот Рим, па може еден ден ќе направи некој документарец вреден за Национална географија.

Што би направиле како емисија за да биде задоволителна и вредна за гледачите?

 Телевизијата ја губи младата публика која се пресели на подостапниот Jутјуб, па мислам дека треба да се задоволи повозрасниот вкус и да се продуцира забавна програма. Во попладневните часови да се купи лиценца за добар квиз, а навечер фали некое ток шоу. Сепак и Рафаела Кара немаше да биде она што беше ако зад неа не стоеше силна продукција на РАИ. На прашање што би направила како емисија дефинитивно утринска која почнува во 6, а содржините да течат онака како што се менува публиката.

Претходна вестБројот на автомобили е зголемен, на ред треба да се паркиралиштата
Следна вестЗошто Шилегов молчи каде се 12,7 милиони евра од продажбата на Градската куќа?